25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBombardier гаси 1,700 работни места

Bombardier гаси 1,700 работни места

bombardiermirabel

Канадскиот производител на авиони „Bombardier“ најави гасење на 1,700 работни места, по големиот пад на вредноста на нарачките во 2013 година, како и доцнењето на новиот модел „Cseries“.

Отпуштањето на вработените, од кои 300 се веќе реализирани во декември, најмногу ќе го погоди седиштето во Мирабел, покрај Монтреал, каде групацијата планира да угаси 1,100 работни места, пренесува францускиот весник „20 минути“.

Пред ова реструктуирање, „Bombardier“ во светот имаше вкупно 38,350 луѓе (22,200 во Канада), така што со ова намалување бројот на вработени ќе се намали за 4,4 проценти.

Вредноста на новите нарчки во 2013 година е намалена за 19 проценти во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП