6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's ја зголеми прогнозата за Русија

Moody’s ја зголеми прогнозата за Русија

US Credit Rating

Агенцијата за кредитен рејтинг „Moody’s“ ја зголеми прогнозата за растот на економијата на Русија за 2014 година од 1,5 на 1,9 проценти, соопшти агенцијата.

Според мислењето на аналитичарите на „Moody’s“, закрепнувањето на економијата на еврозоната го поттикнува рускиот извоз, а трошоците за развој на инфраструктурата позитивно ќе се одразат на инвестициите. Во исто време, агенцијата укажува дека стапката на невработеност во Русија оваа година би можела да се зголеми од 5,5 на 6,3 проценти, пренесува агенцијата Итар тас.

Според прогнозата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) растот на економијата на Русија во 2014 година би можел да достигне 2,5 проценти.

Минатата 2013 година, растот на руската економија изнесуваше 1,3 проценти, што значи дека според оваа прогноза, тој двојно ќе се зголеми, наведува ЕБОР.

Русија ќе биде во состојба оваа година да оствари поголемо темпо на раст од 2,5 проценти, под услов владата да продолжи со структурните реформи и да ја подобри деловната клима за привлекување на инвестиции, изјави економистот Ерик Берглоф.

Според прелиминарните податоци на руското Министерство за економски развој, растот на економијата на земјата минатата година изнесувал 1,3 проценти. Во согласност со ажурираните прогнози за социјално-економскиот развој на Русија до 2016 година, во 2014 година тој показател може да порасне за 2,5 проценти, во 2015 се очекува раст од 2,8 проценти, а во 2016 година 3,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП