2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ20 години Toyota RAV4 (фото)

20 години Toyota RAV4 (фото)

toyota rav4 1

Автомобилскиот пазар денеска е преплавен со компактни СУВ модели, но пред две децении тоа не беше така. Еден од првите такви автомобили беше „RAV4“ кој „Toyota“ го претстави уште во 1994-та година на авто-саемот во Женева.

Суштината на „Toyotа RAV4“ беше вградена во самото име на тој модел кое претставуваше акроним од англискиот збор „Recreational Activity Vehicle“, додека бројот „4“ се однесуваше на погонот на сите четири тркала.

toyota rav4 2

Две децении подоцна, овој вид на автомобил стана задолжителен модел во гамата на сите светски авто-компании кои имаат масовно производство.

Кога „Toyota“ го ланрисаше првиот „RAV4“, очекувањата беа скромни. Проценката беше дека годишната побарувачка во светот ќе изнесува околу 4.500 автомобили.

toyota rav4 3

Меѓутоа, јапонската компанија веќе првиот месец прими 8.000 нарачки, па производните капацитети мораа многу бргу да се дуплираат.

Иако концептот на моделот „RAV4“ беше прикажан уште во 1989-та, во тоа време беше многу тешко да се убедат шефовите на „Toyotа“ во оправданоста во вложувањето во развој и сериско производство на еден таков автомобил.

toyota rav4 4

На многумина во авто-индустријата кои одлучуваат во распоредувањето на паричните средства, не им беше најјасен концептот на возило кој во себе ги обединува карактеристиките на патничко и теренско возило – погонот 4х4, повисоката каросерија и растојанието од земја, како и пространоста и удобноста во ентериерот.

Покрај сето тоа, автомобилот требало да ги задржи димензиите и потрошувачката на гориво во рамките на компактен модел.

Иако целиот проект беше стопиран во еден момент, одделението на „Toyotа“ задолжено за продажба во Европа и Јапонија успеа да го убеди менаџментот на компанијата, дека е време за нов вид на автомобил.

toyota rav4 5

Многу бргу се покажа дека биле во право, па така во првата година за „RAV4“ се одлучиле 53.000 купувачи ширум светот. Продажбата веќе во 1995-та беше дуплирана, а за трипати зголемена во 1996-та година.

Од ласнирањето во 1994-та заклучно со 2013-та година испорачани се 5 милиони примероци од „Toyotа RAV4“, oд кои 1.3 милиони во Европа.

Дека „Toyota“ ја оправда довербата кај купувачите со овој модел, покажува и податокот дека повеќе од 90 проценти од сите продадени возила „RAV4“ се уште се во употреба на патиштата ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП