8 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Доаѓањето на една од најголемите банки од Емиратите и продажбата на Чачанска банка дефинитивно ја потврди и Јоргованка Табаковиќ, гувернер на НБС. Арапите во Србија доаѓаат самостојно со инвестиција од околу 300 милиони долари, додека за една од најголемите регионални банки во нашата земја, Чачанска банка, се борат Французите и Турците. Епилогот ќе се знае за два дена. Турската Халк банка одамна е заинтересирана и е на самиот врв на потенцијални купувачи, но оваа работа може да ја измени невнимателната изјава на Тајип Ердоган, премиер на Турција, за Косово. Последните неофицијални информации зборуваат дека сериозен интересент за Чачанска банка е и Сосиете женерал.

Белград – Преговорите на Икарбус со Мерцедес околу деловно-техничка соработка траат околу 6 месеци и се наоѓаат во завршна фаза. Сите проценки од страна на Мерцедес ги поминавме успешно и наскоро очекуваме потпишување на договор – потврди за Новости генералниот директор на Икарбус, Александар Вичентиќ. Првиот човек на земунската компанија објасни дека договорот за деловно-техничка соработка значи дека во погоните на Икарбус ќе се прават сите видови на најсовремени автобуси и комби возила на шасија на Мерцедес, што покрај максималниот ангажман на сите 280 работници би значело и ангажирање на неколку десетици производители на делови од цела Србија.

Подгорица – Дали подгоричкиот Комбинат за алуминиум е поблиску или подалеку од стратешкиот инвеститор, откако беше распишан поволен тендер за неговиот имот? Кој од претходно пријавените повторно ќе се јави, евентуално, со подобра понуда и дали ќе има нови заинтересирани купувачи, ќе се знае по 27 февруари, до кога е отворен тендерот. Стечајниот управник Веселин Перишиќ е оптимист, бидејќи во првиот круг продаден е базен со црвен талог на хрватската компанија Политропус алтернатива, на чие чело е Украинецот Роман Денкович. Според податоците од стопанскиот регистер, тој е сопственик со 30 отсто учество, додека преостанатите 70 отсто припаѓаат на офшор компанијата Сендипулс.

Загреб – Месната индустрија Гавриловиќ ќе опстане, но дел од производството сепак ќе се пресели во Босна и Херцеговина и Србија, потврди сопственикот Ѓуро Гавриловиќ. По шпекулациите дека фирмата е во сериозни проблеми, тој порача дека Гавриловиќ ќе опстане, а дека во иднина ќе произведува само месни производи, трајни салами, паштети, шунка и виршли.

Загреб – Судот во Загреб пресуди во корист на Загрепска банка и Стопанска банка на Загреб кои ја тужеа Љубљанска банка и Нова Љубљанска банка. Тужбата е поднесена поради пренесени девизни заштеди на хрватските граѓани. Според пресудите на кои незадоволната страна може да се жали на загрепскиот Жупаниски суд, Љубљанска банка во двата случаи е прогласена за одговорна, па ќе мора да ги исплати старите заштеди зголемени со каматите и судските трошоци.

Сплит – Постои значаен потенцијал за пронаоѓање на неоткриените резерви на нафта и гас долж хрватската страна на Јадранот, вели хрватскиот министер за стопанство Иван Врдољак. Тој тоа го изјави во Сплит на истражувачкиот брод Sibird nordern eksplorer на норвешката фирма Спектрум, која од септември лани спроведе проект за собирање на сеизмички податоци со 2Д техника во јадранското приморје, пренсоа хрватските медиуми. Во тек на пет месеци снимање, собрани се податоци долж крајбрежјето од 15.000 км и како што е речено, утврдено е дека постојат наоѓалишта на нафта и гас.

Љубљана – Преговорите кои треба да разјаснат дали хрватскиот концерн Агрокор конечно ќе го купи словенечкиот трговски ланец Меркатор, се во завршна фаза. Одлуката за тоа треба да биде позната до крајот на неделата, пишува љубљанскиот весник Дело. Весникот наведува дека е позитивен знак што на преговорите во Виена кон крајот на минатата недела цело време бил присутен и сопственикот на Агрокор Ивица Тодориќ, како и тоа дека извори блиски до конзорциумот на мнозинскиот сосптвеник на Меркатор говорат дека биле присутни и банките доверители на Меркатор, што би можеле да го омекнат компромисот.

Будимпешта – Централната банка на Унгарија МНБ, ја намали клучната каматна стапка на рекорден минимум на 2,85 од 3 отсто. Намалувањето на стапката е континуирано од август 2012 година, кога стапката изнесувала 7 отсто, пренесе агенцијата Франс прес. МНБ наведе дека ниската инфлација и бавното зајакнување од рецесијата од 2012 година, како и подобрената состојба на глобалниот пазар, влијаеле на намалувањето на каматната стапка на рекордно ниско ниво.

Париз – Мултинационалната компанија Алстом специјализирана за транспортни средства и енергетски постројки, ја намали прогнозата на оперативната мрежа за фискалната 2013 – 2014 година. Имено, и понатаму е присутна слаба побарувачка на пазарот на нови електрани, која влијаеше на пад на вредноста на продажбата и порачките за периодот од март до декември 2013 година. Како што пренесе Ројтерс, Алстом за деловната 2013 – 2014 година, која завршува во март, во иднина смета на оперативна маржа од 7,0 отсто, наместо 8,0 како што е претходно објавено, додека во фискалната 2012 – 2013 година остварил оперативна маржа од 7,2 отсто.

Москва – Претседателот на Русија Владимир Путин препорача на Централната банка да ги намали каматните стапки на кредитите во рубљи за компании кои се бават со производство. Путин за тоа побара извештај на 1 септември 2014 година, наведено е на листата на налози на претседателот објавена на сајтот на Кремељ. Покрај тоа, на владата е наложено заедно со Централната банка да ја преиспита висината на каматните стапки на кредитите одобрени за финансирање на буџетските дефицити на субјекти на Руската Федерација. До 1 април треба да биде претставен предлог за механизам за стимулирање на намалување на тие стапки.

Москва – Земјите низ кои поминува гасоводот Јужен тек нема да морат да ги ревидираат претходите договори кои технички ги кршат прописите на Европската унија, тврди Раша тудеј. Како што се наведува во текстот под името ЕУ даде прелиминарно ОК за Јужен тек, Русија и ЕУ се договорија за понатамошна соработка во изградбата на гасоводот. – Москва и Брисел ќе најдат начин да се почитуваат претходните меѓувладини договори кои Гаспром ги постигна со земјите на трасата – рече за Ведомости, Гинтер Етингер, европски комесар за енергетски прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП