23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХипотекарен кредит од УНИБанка со фиксна каматна стапка од 6,9%

Хипотекарен кредит од УНИБанка со фиксна каматна стапка од 6,9%

unibanka

УНИБанка АД – Скопје промовира на пазарот мошне атрактивен хипотекарен кредит за физички лица кој претставува поволна алтернатива за сите клиенти кои сакаат да ги рефинансираат постоечките обврски за рати по кредити и кредитни картички и да ги заменат со една релаксирана месечна рата. Со овој кредит, исто така, клиентите имаат можност да ги задоволат и своите потреби за реновирање на домот, купување автомобил, да ги организираат своите семејни веселби, да го платат школувањето на своите деца или пак по сопствена потреба и желба да искористат дел од средствата за други тековни потреби.

Хипотекарниот кредит е со поволна каматна стапка е од 6,9%, фиксна за првата година, со намалени и еднократни трошоци кои изнесуваат 15 еур за разгледување на барањето и 1,25% за негово одобрување. Износот на кредитот е до 100.000 евра, со рок на отплата до 15 години. Обезбедувањето е со хипотека на недвижен имот во вредност од 133 % од износот на кредитот. Наменет е за сите граѓани, кои својата плата ја примаат во УНИБанка. Клиентите кои ја примале платата во  друга банка во моментот на одобрување на кредитот, имаат можност да ја добијат поволната каматна стапка од 6,9% за првата година на отплата, доколку во времетраење на промотивниот период ја пренасочат својата плата во УНИБанка.

“На почетокот на 2013 година, во сегментот на кредитирање на население, УНИБанка пласира екстра поволен хипотекарен кредит, со особено ниска и фиксна каматна стапка од 6,9% на годишно ниво. Со тоа, на сите постоечки и потенцијални клиенти им овозможуваме ценовно достапен кредит и поголема сигурност за брзо и едноставно консолидирање на задолжувањата, но и за остварување на нивните тековни планови”, изјави Александра Керметчиева, директор на Дирекција за кредитирање на мало во УНИБанка.

Промотивниот период ќе трае од 01.02.2013 до 01.05.2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП