3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт ги зголеми залихите за 11,5 проценти

Роснефт ги зголеми залихите за 11,5 проценти

rosneft169

Најголемата руска нафтена компанија „Роснефт“ минатата година ги зголеми своите залихи на јаглеводороди за 11,5 проценти, во однос на 2012 година, на 33,01 милијарди барели нафтен еквивалент.

Резервите на течни јаглеводороди изнесуваа 25,19 милијарди барели (3,4 милијарди тони), а резервите на гас 46,94 кубни милијарди (1,329 милијарди кубни метри).

Залихата на течни јаглеводороди на компанијата се зголемени, во споредба со индикаторот од крајот на 2012 година, за шест проценти, а залихите на гас за 29 проценти, пренесуваат руските медиуми.

Растот на залихите главно е поврзан со реализацијата на програмата за геолошки истражувања, бушења и почетокот на работата на новите наоѓалишта, исполнувањето на геолошко-техничките мерки за поддршка на примарното производство, како и зголемувањето на уделот во компаниите „Таас Јурјах“ и „Итер“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП