6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПОКАНИ САМО ЗА ИЗБРАНИТЕ: Место во Европа каде што од денес се...

ПОКАНИ САМО ЗА ИЗБРАНИТЕ: Место во Европа каде што од денес се собираат најбогатите и најмоќните

davos1

Во швајцарскиот алпски скијачки центар започнува традиционалниот Светски Економски Форум.

Во Давос, европскиот град на највисока надморска височина, се очекуваат повеќе од 40 шефови на влади, вклучувајќи го и австралискиот премиер Тони Абот, кој претседава со групата Г20, бразилскиот претседател Дилма Русеф, британскиот и јапонскиот премиер Дејвид Камерон и Шинзо Абе .

Главна тема на ова издание на Светскиот Економски Форум се конфликтот во Сирија, климатските промени, економското заздравување, растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните и кризата во Украина.

Папата им се обрати на водечките луѓе од светот на политиката и бизнисот, и им рекол да ги искористат предностите на нивното богатство во корист на човештвото, додека поголемиот дел од населението се бори со сиромаштијата. Во неговата порака, која е испратена на повеќе од 2500 учесници на Светскиот Економски Форум (СЕФ) во швајцарскиот град Давос, Папата побара од индустријалците и банкарите да се промовира просперитет, но, исто така, ги осуди за инцидентите кои се разоткрија со економската криза, пренесува Ројтерс.

davos2

Помеѓу повеќето од 2.500 учесници од сто земји се наоѓаат добитниците на Нобелова награда, верски достоинственици и претставници на синдикатите и невладините организации.

И оваа година Форумот ќе биде домаќин на голем број на лидери на мултинационалните компании, како Мариса Мајер, директорката на американската Yahoo и Јосиф Хименез, директорот на швајцарската фармацевтска компанија Novartis, бидејќи овој пат здравјето и технологијата ќе бидат меѓу главните теми. Исто така, ќе присустува и неопходниот Бил Гејтс, како и некоја славна личност од забавната индустрија.

davos3

Форумот во Давос, основан во 1971 година, може да се нарече „лабораторија на идеи“, на кој се разгледуваат значајни прашања кои влијаат на иднината на светот. Откако е основан стана неопходен дел од годишниот политички и економски календар.

СЕФ се опишува себеси како „Независна меѓународна организација посветена на подобрување на состојбата на светот, која, повикувајќи се на политички, научни и други водечки фигури, на општеството му помага при креирањето глобални, регионални и економски агенди“. Во Давос може да се присуствува строго на покана од организаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП