24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија треба да плати за своите питачи во Шведска

Романија треба да плати за своите питачи во Шведска

pitac

Романија и други членки на Европската унија мора да преземат одговорност за трошоците за своите граѓани кои питачат во Шведска, соопшти шведската Народна партија, која со оваа порака се вклучува во пошироката јавна дебата околу зголеменото присуство на улични питачи во повеќе шведски градови, јави дописникот
на МИА од Гетеборг.

Моментно се заговара можност земјите-членки на ЕУ сами да ги сносат трошоците за социјално згрижување на свои граѓани во други земји.

– Време е сметката да се испрати на адреса каде што треба да се испрати, вели Лота Едхолм од шведската Народна партија во својот дебатен текст што го објавија повеќе медиуми.

Едхолм смета дека од питачите присутни во шведските градови деведесет отсто се романски Роми и дека тие доаѓаат во Шведска поради сиромаштија и дискриминација во својата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП