22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Глобалната економија закрепнува

ММФ: Глобалната економија закрепнува

mmf

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) порача дека глобалниот економски раст се опоравува благодарение на тоа што земјите се одалечуваат од политиката на штедење.

Според нивната прогноза, ситуацијата на финансиските пазари се подобрува.

Фондот ја зголеми прогнозата за овогодинешниот светски економски раст на 3,7 проценти, по растот од три проценти од 2013 година, но сепак предупреди дека зајакнувањето на светската економија сеуште е слабо и нерамномерно, пренесува агенцијата Франс прес.

ММФ ја зголеми прогнозата за прв пат во последните две години, бидејќи во претходниот период полошите услови од оние кои беа очекувани во повеќе наврати го принудуваа на намалување на прогнозата.

„Основната причина за посилното закрепнување е тоа што кочниците за закрепнување полека отпуштаат. Фискалната консолидација напредува, а раните на финансискиот сектор полека заздравуваат. Неизвесноста е помала“, изјави главниот економист на ММФ Оливие Бланшар, додавајќи дека сепак постои голема разлика помеѓу САД каде што растот е стабилен и Европа каде сеуште е слаб, особено во јужните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП