29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Нова рекордна невработеност

Грција: Нова рекордна невработеност

grcija669lkiytc567

Стапката на невработеност во Грција е зголемена во октомври минатата година, достигнувајќи нов рекорд од 27,8 проценти од работоспособното население.

Како што соопшти грчкиот Национален институт за статистика Елстат, околу 1,39 милиони луѓе во октомври биле без работа, во однос на 385,000 пред кризата, или шест години претходно. Во категоријата од 15 до 24 години, стапката на невработеноста достигна дури 58 проценти.

На тој начин, стапката на невработеност во Грција е два пати поголема од нивото во еврозоната, каде невработеноста изнесува 12,1 проценти.

Во извештајот на Елстат се наведува дека и индустриското производство е намалено за 6,1 проценти во ноември 2013 година, по падот од 4,7 проценти во октомври.

За 22 месеци во минатата година, падот на индустриското производство изнесува 3,9 проценти (во споредба со истиот период претходната година), додека за цела 2012 година изнесува 3,4 проценти.

За шест години непрекинат пад, нивото на индустриското производство во Грција е намалено за 30 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП