6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКрајслер сега е целосно на Фиат

Крајслер сега е целосно на Фиат

fiat-chrysler

Италијанскиот производител на автомобили Фиат објави дека е завршено купувањето на американски „Крајслер“ во рамки на трансакцијата вредна 4.35 милијарди долари.

„Крајслер Груп“ е сега во целост подружница на „Фиат“, изјавија од италијанската компанија, за новинската агенција Франс Прес.

Купувањето беше завршено откако Фиат ги купи преостанатите 41.46 отсто од акциите на „Крајслер“ од фондот  „Veba“, под контрола од американскиот синдикат на работници во автомобилската индустрија, „UAW“.

Споените „Фиат“ и „Крајслер“ се седма по големина автомобилска групација во светот, а новото име на компанијата и нејзиното седиште ќе бидат објавени на состанок на бордот на компанијата кој ќе се одржи на 29 јануари.

Извршниот директор на „Фиат“ и „Крајслер“ Серџо Марчионе, овој месец објави дека е можно излегување на компанијата на берзите во Хонг Конг и Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП