2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова инвестиција од шест милиони евра од американската „Амфенол“

Нова инвестиција од шест милиони евра од американската „Амфенол“

amphenol slikaa

Американската корпорација „Амфенол“ е новиот странски инвеститор во Македонија кој ќе вложи во првата фаза шест милиони евра и ќе вработи 1.500 лица во првите пет години. Фабриката ќе биде лоцирана во Кочани.

Инвестицијата ја најавија денеска премиерот Никола Груевски и потпретседателот на американската корпорација „Амфенол“ и генерален директор на автомобилската групација при корпорацијата, Џон Тренор.

Корпорацијата има веќе ангажирано 70 лица за производство на автомобилски делови. Годинава планира да бидат вработени 250 до 350 лица. Тренор, потпретседателот на Корпорацијата, меѓу другото, нагласи дека одлуката за инвестирање во Македонија е донесена врз основа на големиот број можности што ги нуди земјава, добрата квалификувана работна сила, поддршката од Агенцијата за странски инвестиции и другите надлежни институции, но најмногу врз основа на поголемата бизнис клима.

Премиерот Никола Груевски изрази огромно задоволство од одлуката на американската корпорација „Амфенол“ да инвестира токму во Македонија од каде што ќе се врши и извоз и снабдување на европскиот пазар, а сето тоа е резултат од владините роуд шоуа.

Груевски потенцира дека задоволството е уште поголемо затоа што Тренор посочил дека немало никакви пречки при реализацијата на инвестицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП