26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија ги започна преговорите за влез во ЕУ

Србија ги започна преговорите за влез во ЕУ

Ivica-Dacic-Stefan-File

Ова е историски ден и за Србија и за ЕУ – честитам, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Тој, по завршувањето на првата меѓувладина конференција на Србија и ЕУ, истакна дека почетокот на преговорите е заслужено признание за напорите и храбрите потези на раководството во земјата.

– Клучна беше решителноста на српските власти да ги прифатат реформите во текот на годините и храбриот труд во претходните месеци со цел да се нормализираат односите со Приштина, нагласи Филе на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Ивица Дачиќ, вицепремиерот Александар Вучиќ и шефот на грчката дипломатија Евангелос
Венизелос, чија земја моментално претседава со ЕУ.

– Денеска го направивме првиот важен чекор на највисоко политичко ниво и започнавме разговори за поглавјата кои следуваат, објасни еврокомесарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП