15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi S1 со 230 ks пристигнува во Женева?

Audi S1 со 230 ks пристигнува во Женева?

audi s1

Според информациите на „Auto Express“, „Audi S1“ ќе има премиера во март на авто-саемот во Женева и ќе биде достапен во верзии со 3 и 5 врати.

Цитирајќи извор од компанијата, британскиот магазин истакнува дека спортската верзија на најмалиот модел на „Audi“ ќе добие четирицилиндричен 2.0-литарски турбо бензинец кој развива 230 ks (169 kW).

Моќта ќе се пренеусва на сите тркала со помош на „quattro“ погонот на „Audi“. Што се однесува до трасмисијата во понудата ќе биде, автоматски „S-tronic“, но засега не е познато дали тој ќе биде достапен како опција. Во тој случај „S1“ стандардно ќе биде опремен со шестстепен мануелен менувач.

Кога станува збор за визуелните карактеристики, се очекува „Audi S1“ да има дополнителни аеродинамички елементи и различен браник, како и различни бандажи во споредба со класичниот „А1“.

На фотографиите на кои е прикажан „маскираниот“ прототип за време на тестирањата во зимски услови, може да се примети задниот дифузор со четири издувни цевки.

„Audi S1“ би требало да биде претставен заедно со новата генерација на моделот „ТТ“ на престојниот саем во Женева, а продажбата би можела да започне веќе напролет.

Се очекува „S1“ според цената да биде на исто ниво со „Golf GTI“, што значи дека основната верзија во Германија ќе чини околу 29.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП