7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlstom бележи пад во продажбата и нарачките

Alstom бележи пад во продажбата и нарачките

alstom m

Мултинационалната компанија „Alstom“, која е специјализирана за транспортни средства и енергетски постројки, ја намали својата оперативна маргина за фискалната 2013-2014.

Имено и натаму е присутна слабата побарувачка на пазарот на нови електрани, која влијаеше на падот на вредностите во продажбата и нарачките за периодот од март до декември 2013-та.

Како што пренесува Ројтер, „Alstom“ за фискалната 2013-2014, која завршува во март, во иднина ќе смета на оперативна маргина од 7 проценти, наместо 8, како што претходно беше објавено, додека во фискалната 2012-2013, компанијата оствари оперативна маргина од 7.2 проценти.

Поради неповолната ситуација на пазарот, оваа комапнија во ноември минатата година најави дека има во план да продаден еден дел од активностите во секторот на транспортни средства и да згасне 1.300 работни места, главно во Европа.

Во индустријата „транспорт“, оваа групација во третиот квартал завршно со декември 2013-та, примила рекородно ниво на нарачки во вредност од 2.5 милијарди вера, што е најдобар квартален резултат за последните пет години, но бројот на нови договори во десетте месеци од фискалната година, сепак опаднал и тоа за 13 проценти.

За истиот период, приходите од продажбата достигнале 14.5 милијарди евра, што претставува пад од еден процент, на годишно ниво, иако во примарната дејност остварен е раст на приходот од три проценти.

Вредноста на новите нарачки изнесува 15.1 милијарди евра и тоа е пад од 12 проценти на годишно ниво со намалување на 16 проценти во секторот за опрема за термоцентрали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП