20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната инфлација во Црна Гора изнесува 2,2 проценти

Годишната инфлација во Црна Гора изнесува 2,2 проценти

money6

Во Црна Гора стапката на инфлација во изминатата година изнесуваше 2,2 процeнти, соопшти денес Заводот за статистика Монстат.

Според податоците на Монстат, најголемо влијание на годишната стапка на инфлација имал растот на цените на алкохолните пијалоци, цигарите, горивото, мебелот и фармацевтските производи.

Падот на цените во изминатата година е забележан кај облеката и обувките, рекреацијата и културата.

Цените на останатите производи и услуги во изминатата година не забележаа поголеми осцилации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП