28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзмените на Законот за минимална плата за седум дена пред ЕСС

Измените на Законот за минимална плата за седум дена пред ЕСС

dimespasovspasovde

Измените на Законот за минимална плата се готови и за седум дена ќе бидат разгледани на седница на Економско-социјалниот совет, најави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Со измените се предвидува динамиката на постепено зголемување на минималната плата до 2016 година, што вчера го најави премиерот Никола Груевски.

– Целиот процес на зголемување на минималната плата се состои во тригодишна динамика, односно покачувањето ќе се реализира започнувајќи од март 2014 година, а ќе заврши во март 2016 година со што минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува 10.080 денари. Од март 2014 година, минималната плата ќе се покачи од сегашните 8.050 денари на 8.800 денари месечно, од март 2015-та минималната плата ќе изнесува 9.590 денари и од март 2016-та 10.080 денари со што работодавачите ќе бидат обврзани да ја зголемат минималната плата, за што ќе следат контроли бидејќи ќе бидеме цврсто посветени овој Закон да се применува целосно, појасни министерот Спасов на денешната заедничка прес-конференција со синдикатите.

Во кожарската и текстилната индустрија се предвидува до 2016 година минималната плата да изнесува 9.000 денари и за нив ќе има уште две години прилагодување така што во 2018 година овие дејности ќе се изедначат до останатите плати.

– Ова е историски успех на синдикатите на работодавачите, но и на Владата на Република Македонија. Успех кој е во насока на подобрување и унапредување на животниот стандард на сите вредни и трудољубиви работници кои остваруваат минимална плата, оцени Спасов.

Синдикатите се задоволни од сетот мерки што вчера ги најави Владата затоа што со нив ќе се подобри економско-социјалната положба на работниците.

– Станува збор за чекор кој предвидува до 2016 година зголемување за 25, 2 проценти на платата во основните дејности, а со оглед на тоа дека оваа динимика ќе се следи и во кожарската и текстилната индустрија, до 2016 година тоа зголемување ќе изнесува 31,2 процент, а до 2018 година до 36,9 проценти, посочи Живко Митрески, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Досега, според анализите од Министерството за труд и социјална политика, не е констатирано непочитување на исплатата на минималната плата. Донесени се 1.185 решенија само за ненавремената исплата на платата.

Минималната плата првпат беше утврдена во 2012 година кога по разговорите на трите социјални партнери беше договорено таа да изнесува 8.050 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП