8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Букурешт почна регионална конференција за енергија на ветер

Во Букурешт почна регионална конференција за енергија на ветер

energijaveter551

– Во Букурешт денска почна Регионална конференција за пазарна енергија добиена од ветер, на која 300 експерти за енергија на ветер ќе разговараат за потенцијалите за развој на ветропаркови во Источна Европа.

Конференцијата „Винд пауер Романија анд истерн маркетс“ (Wind power Romania and eastern markets) почна со претставување на Романија, која е регионален лидер во производство на струја од енергија на ветер со инсталирани 2.600 мегавати.

На собирот ќе се разговара и за регулаторни рамки за работење, државни политики во областа на обновливите извори на енергија, како и за проекти за финансирање ветропаркови.

На конференцијата, покрај Романија, учествуваат претставници и од Србија, Хрватска, Турција и Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП