25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВерувале или не: 85 најбогати луѓе поседуваат 50% од светското богатство

Верувале или не: 85 најбогати луѓе поседуваат 50% од светското богатство

bogati661

Малобројната елита на луѓе која вклучува 85 најбогати поединци поседува богатство еднакво на една половина од светската популација, покажува најновиот извештај.

Извештајот на светската организација за развој „Oxfam“ по назив „Working For the Few“ е објавен пред одржувањето на Светскиот економски форум во Давос, и тој ни претставува како нееднаквоста меѓу развиените и земјите во равој влијае на светската популација.

-Богатата елита има неверојатна политичка моќ да ги менува правилата на економската игра, да ја укинува демократијата и да креира свет во кој многу малку луѓе поседуваат пари, а 3,5 милијарди луѓе во светот едноставно работат за нив, наведува „Oxfam“.

Следејќи го протокот на пари од крајот на 1970 година, даночните стапки за најбогатите се намалувале во 29 од 30 држави во светот, што е очигледно дека богатите, не само што заработуваат на грбот на сиромашните, туку и плаќаат помали даноци за тоа.

Во последните 25 години богатството се повеќе е концентрирано во рацете на неколку луѓе, така што податоците покажуваат дека еден процент од светските најбогати семејства поседуваат речиси половина (46 проценти) од светското богатство.

Даночните раеви се создадени, со цел милијардерите да го „исперат“ своето богатство. „Oxfam“ наведува дека најбогатите индивидуалци и компаниите кријат неверојатни износи на неоданочени пари – се чини дека се околу 21.000 милијарди долари.

Од друга страна, седум од десет луѓе се соочени со зголемувањето на економската нееднаквост во последните 30 години, додека богаташите ги зголемиле своите приходи во 24 од 26 држави во светот во периодот од 1980 до 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП