6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХјундаи во Европа обезбедува работа за 152.000 луѓе

Хјундаи во Европа обезбедува работа за 152.000 луѓе

hjundai motors

Производителот на автомобили, Хјундаи Моторс во Европа обезбедува работа за повеќе од 152.000 луѓе.

Водечката европска консултантска куќа „London Economics“ ги објави овие податоци во независен финансиски извештај со кој се потврдува големиот придонес на компанијата Хјундаи Моторс во европската економија.

Даночните допринеси на Хјундаи во Европа во 2012-та година се зголемени за 38 проценти во однос на 2011-та и изнесуваат околу 1.3 милијарди евра, а производството и развојните активности на компанијата придонесуваат за дополнителни 2.3 милијарди евра.

Се проценува дека овој износ од 2.3 милијарди евра ќе биде зголемен за дополнителни седум милијарди евра и нови 115.000 нови работни места во регионот.

Бројот на вработени од 152.000 луѓе во Европа е зголемен за скоро 18 проценти во однос на извештајот од 2011-та година, кој беше објавен во февруари 2013-та.

Вклучувајќи ги царинските обврски, даночните обврски кои се однесуваат на продадени возила, како и даночните обврски кои се однесуваат за придонесите за вработените, компанијата Хјундаи во текот на 2012-та година платила околу 1.3 милијарди евра во име на данок во европските земји.

Фабриката на Хјундаи Моторс во Чешка, годишно купува резерви во вредност од 3.1 милијарди евра, од кои две милијарди (65 %) од Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП