19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин бара намалување на каматите

Путин бара намалување на каматите

putinvladimirputin22

Претседателот на Русија Владимир Путин и препорача на Централната банка да ги намали каматните стапки на кредитите во рубљи за компаниите кои се занимаваат со производство.

Путин за ова побара извештај на 1 септември 2014 година, се наведува на листата на барања на претседателот на оваа земја.

Покрај тоа, на владата и е наложено заедно со Централната банка да ја разгледа висината на каматните стапки за кредитите одобрени за финансирање на буџетскиот дефицит на Руската Федерација. До 1 април би требало да биде претставен предлог за механизам за стимулација за намалување на тие стапки.

Соодветните инструкции, шефот на државата ги даде за време на седницата на Државниот совет и Комисијата за следење на достигнувањата на целните индикатори за развојот на земјата, одржана на 23. декември 2013 година, пренесуваат руските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП