27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на невработени во светот надмина 200 милиони луѓе

Бројот на невработени во светот надмина 200 милиони луѓе

francija-nevraboteni

Меѓународната организација на труд соопшти дека бројот на невработени во светот минатата година надминал 200 милиони луѓе, бидејќи можностите за вработување не растат со исто темпо како и зголемувањето на бројноста на работната сила.

Агенцијата на ОН, со седиште во Женева, соопшти денеска дека е проценето дека во 2013 година во светот имало 201,8 милиони невработени. Тоа е за 4,9 милиони повеќе отколку во претходната година.

Во годишниот извештај се укажува на нерамномерното заздравување на економиите во светот и се вели дека Источна и Јужна Азија донеле над 45 отсто од минатогодишниот вкупен раст на бројот на невработени во светот.

Агенцијата ја проценува минатогодишната глобална стапка на невработеност на шест отсто, колку што била во 2012 година.

Меѓународната организација на труд не очекува подобрување ниту оваа година: стапката на невработеност ќе се зголеми на 6,1 отсто, а бројот на невработени ќе се зголеми за уште 4,2 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП