3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалени нарачките на Bombardier

Намалени нарачките на Bombardier

bombardier154lkio

Канадската компанија „Bombardier“ минатата година имаше за 19 проценти помалку нарачки во однос на 2012 година, пред се, поради неповолните околности во светот.

Компанијата во 2013 година имала 388 нарачки, а во 2012 година 481 нарачка.

Минатата година се испорачани 238 авиони, а претходната 233, пренесува агенцијата АП.

„Светската економија имаше забавен раст, а за сериозно заживување е потребно повеќе време отколку што се очекуваше, така што и оваа година ќе биде полна со предизвици за авиокомпаниите“, сметаат претставниците на „Bombardier“.

Компанијата, сепак, минатата година забележа двојно повеќе нарачки за новиот тип на авиони „CSeries“. Во 2012 година се нарачани 15, а минатата година 30 авиони од овој тип.

Минатата недела саудиската компанија „Al Qahtani“ нарача 16 авиони „CS 300“ во вредност од 1,21 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП