24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадворешниот долг на Русија зголемен за 15 проценти

Надворешниот долг на Русија зголемен за 15 проценти

rusija1rus1

Надворешниот долг на Русија на 1 јануари 2014 година достигна вредност од 732,046 милијарди долари, во однос на 636,435 милијарди долари од првиот ден во 2013 година.

На тој начин, надворешниот долг на земјата во изминатата година е зголемен за 95,6 милијарди долари, односно за 15 проценти, покажуваат прелиминарните податоци на Банката на Русија.

Во четвртиот квартал од 2013 година надворешниот долг на Русија е зголемен за 2,5 проценти или за 17,84 милијарди долари, пренесуваат руските медиуми.

Нефинансискиот сектор во 2013 година го зголеми надворешниот долг за 73 милијарди или за 20 проценти, на 437,82 милијарди долари. Банките ја зголемија задолженоста спрема нерезидентите за 13,37 милијарди долари или 6,6 проценти на 214,94 милијарди долари.

Надворешната задолженост на органите на државната управа во 2013 година е зголемена за 9 милијарди долари или за 16,6 проценти, на 63,44 милијарди долари. Нивото на надворешниот долг на монетарно-кредитната регулатива (централната банка) е зголемен за 205 милиони долари или за 1,3 проценти, на 15,84 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП