20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемја во која нема режиски трошоци...

Земја во која нема режиски трошоци…

turkmeni

Додека повеќето македонци се борат со плаќање на комуналии, станарите во оваа азиска земја немаат никакви проблеми со тоа.

Поточно, во Туркменистан, таканаречениот рај на земјата, сметки за гас, електрична енергија и вода – не постојат.

Во оваа земја имаат бесплатно греење од  1993 година.

На чело на оваа држава која има пет милиони луѓе , во најголем дел муслимани, е претседателот Гурбанкули Бердимухамедов, кој дојде на власт во 2012-та година.

Се верува дека Туркменистан има четвртата по големина резерва на природен гас во светот, па од таа причина жителите на оваа богата земја уживаат со бесплатен гас, електрична енергија и вода од 1993 година.

Сепак, очигледно е дека на тоа поле ќе се случат мали промени. Барем така најави самиот претседател, кога тој рече дека, сепак, ќе започне со инсталирање на мерачи за потрошувачка на гас, со цел да ги поттикне граѓаните да ја трошат енергијата рационално и ефикасно.

Всушност, неговата влада уште во октомври изјави дека бесплатниот гас ја чини државата пет милијарди долари годишно, па логично е дека ќе се обиде барем делумно да го намали тој огромен трошок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП