6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQatar Airways ги намали картите до 30 проценти

Qatar Airways ги намали картите до 30 проценти

katar ervejs

Авио-компанијата „Qatar Airways“ денеска започна тридневна глобална промоција „Нова година. Нови патувања“ за време на која патниците можат да купат и до 30 проценти поевтини повратни авионски карти за сите летови и во сите класи, кон повеќе од 130 дестинации.

Продажбата започна на полноќ и завршува на 22-ри јануари во 23:59, соопштија од компанијата.

„Доживејте услуга од пет ѕвезди и отпатувајте до дестинации ширум Блискиот Исток, Африка, Азија и Австралија“, порачуваат од „Qatar Airways“.

Па така патниците од целиот свет можат да ги планираат своите патувања за следната година и да ја искористат купената карта по промотивна цена во периодот од 26-ти јануари до 17-ти декември 2014-та година, а во понудата е целата мрежа на дестинации ширум светот.

Цените за некои од билетите кои се на промоција, за повратна карта би можеле да се движат вака, кон Шангај од 442 евра, Токио од 482 eвра, Банконг oд 485 евра, Делхи oд 471 евра, Малдиви oд 487 евра, Сао Паоло oд 504 евра, Jоханесбург oд 513 евра, Пукет oд 524 евра, Сингапур oд 557 евра, Буенос Аирес од 619 евра, Бали oд 621 евра, Доха oд 670 евра, Перт од 884 евра, Мелбурн oд 904 евра.

Патувања не се дозволени во периодот од 24-ти јули до 13-ти септември 2014-та година.

Компанијата „Qatar Airways“ многу бргу се разви во текот на 17 години работење и денеска располага со модерна флота од 129 авиони, кои летаат на 134 бизнис и туристички дестинации ширум светот.

„Qatar Airways“ вложува 50 милијарди долари за набавка на повеќе од 250 авиони, меѓу кои се моделите на Боинг 787s, 777s, Ербас A350s и A380s, како и серија на авион од серијата A320.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП