2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТаен документ на ММФ предизвика политичка бура во Грција

Таен документ на ММФ предизвика политичка бура во Грција

evrozona-grcija

Таен документ на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), објавен во весникот „Етнос“, во кој се наведува дека преструктурирањето на грчкиот долг не било извршено на почетокот на 2010 година, затоа што било отфрлено од Владата на поранешниот премиер Јоргос Папандреу, предизвика вистина бура во Грција.

Во тешките денови пред донесувањето на планот на ММФ и Европската унија за спас на

Грција, тогашниот директор на Фондот Доминик Строс Кан го советувал Папандреу да побара „намалување“ на долгот, уверувајќи го дека силно ќе го поддржи таквото барање.

Поранешниот грчки премиер, меѓутоа, не го прифатил советот на тогашниот прв човек на ММФ, по што Грција беше принудена да земе кредит од 110 милијарди евра. Ако тогашниот премиер го прифател таквото „поткстарување“ на долгот, Грција ќе беше кредитирана со помалку пари, се наведува во документот на ММФ.

Во тајните протоколи на Управниот совет на Фондот, со датум од 10 мај 2010 година, се наведува дека за време на дискусијата експертите на ММФ, во одговор на критиките за евентуален неуспех на програмата за Грција доколку таа не биде пропратена со намалување на нејзиниот долг, изјавиле дека „преструктурирањето на долгот на земјата било отфрлено од грчките власти“.

Од блиското опкружување на Папандреу соопштија дека поранешниот премиер не лаже и дека ова прашање за преструктурирањето на грчкиот долг било поставено, но немало дускусија за него.

-Дури и Папандреу го постави ова прашање пред тогашниот шеф на ММФ, со кого и заедно го разгледаа, но ЕУ и ЕЦБ беа апсолутно против, изјави Јоргос Еленопулос.

Според весникот „Етнос“, ММФ ја повлекол поддршката за Папандреу откако во својот извештај во предвечерието на прифаќањето на спасувачката програма за Грција, во април-мај 2010 година, ја исклучил варијантата за преструктурирање на долгот и го претставил како „црвена линија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП