25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank забележа загуба од една милијарда евра

Deutsche Bank забележа загуба од една милијарда евра

deutsche bankbankdeu

Германската „Deutsche Bank“ пријави дека во последниот квартал од минатата година забележала вкупна загуба од една милијарда евра.

Како што истакнуваат аналитичарите, фактот што овие резултати се објавени во недела навечер сам по себе покажува дека „не е се како што треба“.

Оваа банка во последниот квартал од 2012 година забележа вкупна загуба од 2,2 милијарди евра.

„Deutsche Bank“ наведува дека приходите во четвртиот квартал од 2013 година во однос на претходната година се намалени за 16 проценти, односно за 6,6 милијарди евра.

Оваа банака со седиште во Франкфурт наведува дека реструктуирањето на бизнисот влијаело на нејзините финансиски резултати втора година по ред.

Најголемата германска банка вчера вечер ги објави овие податоци за профитот, односно десет денови пред крајниот рок.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП