2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на кредитната активност во Хрватска

Пад на кредитната активност во Хрватска

euro2

Вкупните кредити во банките во Хрватска на крајот на октомври минатата година изнесуваа 287,4 милијарди круни, околу 38 милијарди евра, што е намалување на месечно и годишно ниво, покажуваат податоците на Хрватската народна банка.

На месечно ниво е забележан пад од 0,9 проценти, додека на годишно ниво е забележан пад од 0,5 проценти.

За намалување на кредитната активност на годишно ниво придонесе првенствено падот на кредити на нефинансиските трговски друштва, како и падот на кредити за населението, јавуваат хрватските медиуми.

Кредитите дадени на државата сеуште бележат раст, кој на годишно ниво изнесува 18,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП