30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 најголеми опасности кои се закануваат во 2014

10 најголеми опасности кои се закануваат во 2014

svetsvet659877

Светскиот економски форум објави извештај за глобалните закани кои ни се закануваат во 2014 година.

На листата се најдоа опасностите од финансиска и економска природа, но голем е бројот и на оние кои што се поврзани со екологијата и климатските промени.

1. Фискална криза во водечките светски економии

Фискалната криза низ целиот извештај се провлекува како најголема закана во 2014 година. Големите економии и понатака остануваат загрозени додека малите пазари последните години бележат раст, што би можело само да ја влоши финансиската криза, додека фискалната криза во некои од големите економии многу лесно може да има глобално влијание.

2. Високата невработеност

Да се пронајде работа е еднакво тешко како во големите така и во малите економии, а невработеноста најмногу ќе ги погодува младите, во некои држави невработеноста кај младите ја надмина стапката од 50 проценти, а голем проблем претставува и вработувањето на младите на места за кои што се преквалификувани.

3. Недостиг на вода

И многу еколошки проблеми се наоѓаат на оваа листа, а меѓу нив и како најголем проблем се јавува проблемот со водата, кој настанува како последица на лошото управување со скромните залихи, но и како последица на големата компетитивност на пазарот.

4. Нерамномерност во приходите

Ефектот кој што финансиската криза го има на куповната моќ врз средната класа во големите економски системи во комбинација со поларизацијата на приходите во малите економии, претставува уште еден голем ризик кој ни се заканува во 2014 година.

5. Неприлагодувањето на климатските промени

И додека со години се повикува на итни чекори за да се намали емисијата на гасови, сега веќе е потребно да се прилагодиме на климатските промени кои што се случија. Неуспехот на прилагодувањето најмногу ќе им штети на оние најслабо развиени држави.

6. Почести екстремни временски појави

Како последица на претходно наведените климатски промени ќе се појават почести екстремни временски појави, како што се суши или големи поплави. Таквите случувања во 2014 година може да предизвикаат големи безбедносни закани, како недостаток на храна, но и политичка и општествена нестабилност.

7. Пад на системот за глобално управување

Овој ризик најмногу е поврзан со сите заканувања од извештајот. Слабите или несоодветни глобални институции и мрежи во комбинации со различни политички и национални интереси може да бидат пречка при соработката за соочување со глобалните закани.

8. Недостиг на храна

Оваа закана е поврзана со климатските промени и екстремните временски појави, со кои изворите за квалитетни и адекватни намирници ќе станат несигурни или ќе ги снема.

9. Колапс на големите финансиски институции

И пет години по пропастот на „Лехман Брадрс“ многумина стравуваат за стабилноста на банките. Оваа инвестициска банка во 2008 година прогласи банкрот, а постои можност сценариото да се повтори и со некои други финансиски институции во 2014 година.

10. Длабоки политички и општествени немири

Немирите во општествениот или политичкиот план во некои држави може да предизвикаат губење на довербата помеѓу граѓаните и државите, што на крај ќе доведе до внатрешно насилство, глобална нестабилност, колапс на државата па дури и воен судир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП