25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимателно со сокот од портокал

Внимателно со сокот од портокал

sokportokal1

Природниот овошен сок од портокал најдобро е да си го исцедите дома, ако сакате да сте сигурни дека пиете 100 проценти свеж сок. Сепак, знаете ли дека не се препорачува баш за сите луѓе и нивните специфични состојби?

Сокот од портокал е одличен извор на витамин Ц, калиум, витамините Б1, Б9 и Б6. Освен тоа, нутриционистички гледано е побогат од еднаква количина на сок од јаболко или некое друго овошје.

Секако, содржи и флавоноиди, кои се грижат за чување на нашето здравје. А сокот од портокал кој содржи парченца од овошјето (пулпа) нутриционистички е повредната варијанта на овој пијалак.

Сепак, ни овој џус не е за сите луѓе и за нивните специфични состојби. Еве и зошто:

1. Поради ниската pH вредност од 3,5 може да ги влоши проблемите со желудникот

Доколку претерате со пиењето на сокот од портокал, можете да ги влошите веќе присутните гастроинтестинални проблеми. За среќа, проблемите со желудникот настанати поради џусот се краткотрајни и благи.

2. Од истата причина предизвикува и ерозија на забната глеѓ

Некои експерти поради ова советуваат сокот од портокал да го пиете со цевче, а други после пиењето да не ги миете веднаш забите, бидејќи токму тогаш глеѓта е почувствителна.

3. Сокот од портокал во маркетите е индустриски преработен

Свежо исцедениот и филтриран сок од портокал се пастеризира и губи поголем дел од течноста, а потоа се смрзнува и транспротира. Овој процес уништува одредени есенции и масла. Сепак, многу вредни состојки остануваат, па се уште е многу поздрав избор од било кој друг газиран пијалак кој може да го сретнете по маркетите. Но тој сепак содржи големо количество на шеќер, затоа најдобар избор е самите да си исцедите свеж портокал но сепак да внимавате на внесената количина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП