21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија забележа најнизок раст во последните 14 години

Кинеската економија забележа најнизок раст во последните 14 години

china2

Кинеската економија во 2013 година забележа најнизок раст во последните 14 години, но резултатот сепак е подобар од предвидувањата на кинеските власти.

БДП во четвртиот квартал од 2013 година се зголемил за 7,7 проценти, што во споредба со третиот квартал е пад од 0,1 проценти.

Како што пренесува Ројтерс, ова забавување на растот на втората според големина економија во светот се должи на падот на побарувачката и инвестициите на крајот на минатата година, кој би можел да продолжи и во 2014 година.

Пекинг и понатака се обидува да воспостави подобра рамнотежа меѓу внатрешната побарувачка и извозот, сметаат аналитичарите.

За цела 2013 година растот на кинеската економија изнесува 7,7 проценти, што е над целта која ја предвиде владата од 7,5 проценти.

Во соопштението на Заводот за статистика се наведува дека индустриското производство во декември е зголемено за 9,7 проценти во однос на истиот месец во 2012 година, што е малку помалку од предвидувањата на аналитичарите. Во ноември растот на индустриското производство изнесуваше 10 проценти на годишно ниво.

Вредноста на малопродажбата се зголеми за 13,6 проценти, што е во согласност со очекувањата, додека во претходниот месец растот изнесуваше 13,7 проценти.

Зголемувањето на инвестициите во фиксниот капитал, кој е еден од главните двигатели на растот на кинеската економија, во декември изнесуваше 19,6 проценти, наместо очекуваните 19,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП