7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Џонсон Контролс“ по „Бунарџик“ отвора фабрика и во ТИРЗ „Штип“

„Џонсон Контролс“ по „Бунарџик“ отвора фабрика и во ТИРЗ „Штип“

jonson-control

Во Технолошко индустриската развојна зона во Штип денеска ќе биде отворена новата фабрика на компанијата „Џонсон Контролс“.

Фабриката се простира на површина од 12.000 метри кавдратни, ќе вработува над 1.400 лица, а во неа се инвестирани 20 милиони евра. Ќе произведува автомобилски седишта и навлаки.

На отворањето на фабриката, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници на „Џонсон Контролс“, на Владата на Македонија и на Амбасадата на САД.

Ова е втора фабрика на „Џонсон Контролс“ во Македонија. Првата е лоцирана во индустриската зона „Бунарџик“.

„Џонсон контролс“ е светски гигант за производство на опрема за автомобили. Присутна е во 150 држави и има вкупно 154.000 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП