3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во САД е под контрола

Инфлацијата во САД е под контрола

sad123

Потрошувачките цени во САД во декември се зголемиле за 0,3 проценти, по двомесечното мирување, главно како резултат на порастот на цените на енергетските производи, соопшти Министерството за труд.

Кога ќе се исклучат нестабилните цени на енергијата и храната, основниот индекс на потрошувачките цени (ЦПИ) минатиот месец е зголемен за само 0,1 проценти, што покажува дека инфлацијата главно е под контрола, пренесува агенцијата Франс прес.

Цените на енергијата во декември биле зголемени за 2,1 проценти. ЦПИ во 2013 година пораснал за 1,5 проценти, што е под целта на американската Управа на федерални резерви која изнесува два проценти.

На ниво на цела мината година, најмногу пораснале цените на становите и здравствените услуги, односно за 2,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП