
Најголемиот светски трговски ланец за електронска стока од широка потрошувачка, американската компанија „Best buy“, забележа пад на приходите во продавниците во САД.


Најголемиот светски трговски ланец за електронска стока од широка потрошувачка, американската компанија „Best buy“, забележа пад на приходите во продавниците во САД.
Падот на приходите е забележан во најзначајниот период за рeзултатите од продажбата, во последните девет недели од минатата година.
Групацијата со седиште во Минеаполис во соопштението изјави дека покрај другите проблеми, проблемот бил и во конкуренцијата која имала агресивна промоција, со што резултатите во споменатиот период се разочарувачки, пренесува Ројтерс.
И покрај намалувањето на цените, со што компанијата се обиде да ја спречи промоцијата на ривалите, oсобено на „Wal Mart“ продажбата во продавниците отворени најмалку 14 месеци е намалена за 0,9 проценти на пазарот на САД, а на глобално ниво таа се зголеми за 0,1 проценти.
Приходите од продажбата во истиот период се намалени за 2,6 проценти, на 11,45 милијарди долари.