26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHaribo ги повлекува „расистичките“ бонбони

Haribo ги повлекува „расистичките“ бонбони

haribo66789kkdkkkdksisjjs

Германската компанија „Haribo“ на пазарите во Данска и Шведска ќе ја запре продажбата на бонбоните кои тамошните потрошувачи ги оцениле како расистички.

Бидејќи поединечни бонбони на „Haribo“ се дизајнирани како маски кои потсетуваат на примитивната уметност на африканските, азијските и индијанските племиња, потрошувачите во Скандинавија ги оцениле како расистички.

Овие бонбони и припаѓаат на линијата „skipper mix“ која овој производител ја пласираше на пазарите пред повеќе години, пишува швајцарскиот весник „24 часа“.

„Оценивме дека можеме да го сочуваме овој производ на пазарите, но бидејќи постојат критики од клиентите, ќе ги тргнеме од асортиманот оние марки за кои тие мислат дека се навредливи“, објасни директорот на шведската филијала на „Haribo“, Ола Даглиден.

Расистички или не, овие бонбони во Шведска предизвикаа бројни полемики во последните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП