– Министерот за економија Ваљон Сарачини од денеска ќе престојува во Истанбул каде што ќе ќе има средби со турски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Република Македонија.
Во фокусот на презентацијата на министерот Сарачини ќе бидат актуелните проекти во енергетиката и минералните суровини, за кои бизнисмените од оваа земја пројавуваат најголем интерес, соопшти Министерството за економија.