3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите се „откажаа“ од забраната на доларот

Русите се „откажаа“ од забраната на доларот

money

Предлогот по кој во Русија би било забрането да се користи доларот, очекувано не стигна на гласање, бидејќи предлагачот Михаил Дегтјарјев неодамна го повлече.

Дегтјарјев тогаш рече дека предвидува „потполен колапс на доларската пирамида во 2017 година“ и дека поради тоа сака да ги заштите граѓаните на Русија.

Според предлогот поднесен во ноември, во Русија би бил воведен „транзиционен период“ во траење од една година, за сите оние кои имаат депозити во долари да имаат време да ги потрошат или да ги заменат за некоја друга „сигурна“ валута.

„Ако долгот на САД продолжи да расте со ова темпо, доларскиот систем ќе се сруши во 2017 година. Поради тоа, фактот дека меѓу граѓаните на Русија расте довербата во доларот, станува многу опасен“, наведе Дегтјарјев во образложението на својот предлог.

Поранешниот кандидат за градоначалник на Москва и член на партијата на контраверзниот Владимир Жириновски наведе дека на сите оние кои нема да ги заменат доларите во рок од една година, „официјални лица би им ги заплениле доларите и би им ги замениле во рубљи во рок од 30 календарски денови“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП