7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ќе ги намали даноците од 2016?

Франција ќе ги намали даноците од 2016?

frafra3879hugt

Францускиот министер за буџет Бернар Казнев најави можност за намалување на даноците во 2016 година.

„Се наоѓаме во преоден период, кој ќе ни овозможи, благодарение на заштедите, да ги намалиме даноците од 2016 година“, изјави Казнев.

Оваа изјава на францускиот министер следеше три дена откако беше одржана конференцијата за новинари на францускиот претседател Франсоа Оланд кој во таа прилика изрази противење за дополнителното зголемување на даноците за француските домаќинства.

Уште од ноември минатата година француската влада расправа за намалување на даноците во 2017 година, по стабилизацијата на даноците и социјалните придонеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП