19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNintendo очекува загуба

Nintendo очекува загуба

nintendo zaguba

Производителот на видео-игри „Nintendo“ зa фискалната 2013/2014. која завршува на крајот на март, очекува оперативна загуба од 35 милијарди јени (246 милиони евра).

До загубата ќе дојде поради слабата продажба на конзолите „Wii U“ и „3DS“. Ова за „Nintendo“ ќе биде трета година поред со негативен резулат на оперативно ниво.

Аналитичарите за истата финансиска година во просек предвидоа оперативен профит од 54.7 милијарди јени.

За разлика од претходно објавените прогнози за нето-профитот од 55 милијарди јени, сега компанијата прогнозира нето годишна загуба од 25 милијарди јени.

Очекуваните приходи за споменатата финансиска година ќе изнесуваат 590 милијарди јени, што е за дури 36 проценти помалку во однос на претходната прогноза.

Компанијата ги намали и целите за обемот на продажбата, па така во иднина тие сметаат на само 2.8 милиони продадени примероци на конзолата „Wii U“, наместо деветте милиони, како и на 13.5 милиони продадени единици од моделот „3DS“, наместо 18 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП