2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија се претстави на Саемот за туризам во Виена

Македонија се претстави на Саемот за туризам во Виена

makedonija viena

Со впечатлива презентација со народен танц придружена со дегустација на македонско вино, Македонија се претстави на Виенскиот саем за туризам.

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Австрија и економскиот промотор, и годинава го претставија туристичкиот потенцијал на Република Македонија во Виена.

Македонскиот амбасадор во Австрија, д-р Ѓорѓи Филипов истакна дека Република Македонија продолжува со агресивниот настап на полето на туристичката презентација на земјата.

„Одличната организација и презентација на штандот, настапот на Македонска детска фолклорна група, вклучувањето на условно речено мистифицирани приказни го загатнаа интересот на присутните Австријци кои потоа со апетит пријдоа кон пробата на македонското вино кое беше понудено на штандот. Се забележува разлика од претходните и оваа година во динамиката и во поголемото присуство на Македонски тур-оператори поради што сум убеден дека оваа година бројот на австриски туристи далеку ќе ја надмине претходната година“, рече Филипов.

На штандот Македонија како туристичка дестинација ја понудија и македонските тур-оператори „Visit Macedonia“, „Panoramic“ и „Macedonia Travel“.

„Ова е втор саем за туризам на кој ја претставуваме Република Македонија годинава, кој следи веднаш по Холандија. Интересот за Македонија како туристичка дестинација расте на австрискиот пазар. Нови соработки со Австриски тур-оператори се на повидок, со што очекуваме бројот на туристи од Австрија драстично да се зголеми оваа година. Посебен акцент при промоција на Македонија во Австрија, е ставен на бројните сончеви денови кои на Австријците им недостасуваат“, рече Маја Глигоровска, портпарол на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

Ева Велјановска, економски промотор во Австрија рече дека австрискиот пазар е огромен потенцијал за Република Македонија, како во поглед на туризам, така и за инвестиции.

„Претставувањето на Република Македонија на Саемот за туризам во Виена предизвика огромно внимание кај австриските посетители, откривајки го потенцијалот на Македонија како атрактивна, а сепак блиска туристичка дестинација. Туризмот е значаен фактор за зголемување на економската соработка помеѓу овие две земји. Освен интересот за Македонија во поглед на туризам, зголемен е и интересот за инвестирање и веќе имаме најави за нови инвестиции од Австрија“, посочи Велјановска.

На Саемот за туризам во Виена настапи КУД „Македонка“ од Виена, а туристичкиот потенцијал го претстави портпаролот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Маја Глигоровска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП