5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит на Франција поголем од очекуваниот

Буџетскиот дефицит на Франција поголем од очекуваниот

france1

Буџетскиот дефицит на Франција во 2013 година изнесувал 74,9 милијарди евра, што е повеќе за 2,7 милијарди евра од предвиденото, соопшти француското Министерство за финансии.

Поголемиот буџетски дефицит од планираниот претставниците на француското министерство го објаснуваат со помалиот прилив на даночни приходи од оние кои биле планирани.

Во соопштението се додава дека минатогодишниот буџетски дефицит е помал за 12 милијарди евра од дефицитот во 2012 година, додека потрошувачката во изминатата година била строго контролирана.

Даночните приходи се помали за 3,5 милијарди евра од оние кои биле планирани и предвидени со рестриктивниот закон за финансирање.

Од друга страна, приходите од данокот на додадена вредност се поголеми за 600 милиони евра од оние што беа очекувани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП