2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Рекорд на лоши кредити

Шпанија: Рекорд на лоши кредити

shpanijanija66

Шпанските банки во ноември евидентираа рекордно ниво на ризични кредити, додека финансискиот сектор се подготвува за завршување на програмата за помош од 41 милијарда евра.

Дури еден од осум кредити во шпанските банки бил ризичен во ноември, а финансиските институции се оптеретени со такви кредити уште од „пукањето“ на балонот на пазарот на недвижнини од 2008 година, кој доведе до рецесија и рекордна невработеност, пренесува агенцијата Франс прес.

Ненаплатливите кредити во ноември изнесувале 13,8 проценти од вкупните кредити кои ги одобриле шпанските банки, во однос на 12,9 проценти од претходниот месец, што е највисокото ниво од 1962 година, покажуваат податоците на Банката на Шпанија.

Лошите кредити во ноември биле „тешки“ 192,5 милијарди евра во однос на 191 милијарда во октомври. Шпанија, четвртата економија според големина во еврозоната, ќе излезе од програмата за финансиска помош на 23-ти јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП