1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Куманово лани издадени 35 дозволи за градба

Во Куманово лани издадени 35 дозволи за градба

kumanovo

Секторот за урбанизам од општина Куманово минатата година издал 35 одобренија за градби. Како што објаснуваат надлежните од секторот, согласно Законот за градба за издавањето дозволи, граѓаните исклучиво може да аплицираат по електронски пат и да добијат одобрение за градба.

„Нашата служба по тој основ има издадено 35 одобренија за градба на физички и правни лица, тука се индустриските објекти, индивидуални објекти и колективни стамбени згради“, вели раководителот на секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска.

Таа истакна оти се надева дека оваа година целосно ќе се премине на електронска апликација и електронско издавање на сите акти кои што произлегуваат од секторот за урбанизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП