ПочетнаЕКОНОМИЈАТри странски компании заинтересирани за стариот аеродром во Атина

Три странски компании заинтересирани за стариот аеродром во Атина

oldairport1

Три странски компании се јавија на обновениот тендер за приватизација на стариот аеродром во близина на Атина, „Елиникон“.

Станува збор за компаниите „Елбит“, „Ламбада Девелопмент“ и „Лондон Регионал Пропертис“, кои преговораат со банките и хеџ фондовите за финансирање на проекти.

Грчката агенција за приватизација ги анализира понудите, но градоначалниците на трите општини во непосредна близина на аеродромот се против, наведувајќи дека приватизацијата на аеродромот ќе доведе до уништување на животната средина. Тие посочуваат дека имаат проект со кој се предвидува на местото на аеродромот да се изгради парк.

Неодамна катарска државна компанија се повлече од тендерот за приватизација на аеродромот „Елиникон“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП