2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Тројката“ се враќа во Атина по седницата на Еврогрупата на 27 јануари

„Тројката“ се враќа во Атина по седницата на Еврогрупата на 27 јануари

atina2

Претставниците на „тројката“ меѓународни кредитори (Европската комисија, Европската централна банка и ММФ) би требало да пристигнат во Атина по седницата на Еврогрупата на 27-ми јануари.

Како што јави дописникот на од Атина, грчкиот весник „Етнос“ информира дека „тројката“ доаѓа на нов круг консултации со Владата во врска со финансиската состојба на Грција.

Оценката на доверителите е неопходна за исплата на следната транша од заемот за земјата. Претходно беше најавено дека „тројката“ во Атина ќе се врати најверојатно на 15-ти јануари.

Извор од грчкото Министерство за финансии за весникот „То Вима“ изјави дека техничките тимови на „тројката“ се веќе во Грција и оти економскиот тим на Владата на претставниците на доверителите ќе им ги испрати конечните статистички податоци за декември по реализирањето на буџетот за 2013-та година.

Истите извори изразиле убедување дека конкретните податоци покажуваат подобрување на сликата на грчката економија, а значително подобрување имало во наплатата на приходите во буџетот.

Грчката Влада објави дека примарниот буџетски суфицит може да достигне една милијарда евра за 2013-та година. Целта на грчката страна е најдоцна до 10 февруари да се договори со доверителите, со цел до крајот на месецот да ја добие траншата од 4,9 милијарди евра.

Владини извори откриваат дека се уште постои јаз меѓу Атина и „тројката“ поради дупката во буџетот за 2014-та година и оти двете страни не можат да се договорат за една милијарда евра, за да може да се донесе одлука за исплата на траншата од 4,9 милијарди евра.

Грчките весници денеска го цитираат гувернерот на Централната банка, кој ги повика политичарите да избегнуваат жестоки конфронтации пред евроизборите и локалните избори во мај и ги повика да ги поддржат напорите за финансиско заздравување на земјата.

Весникот „Катимерини“ објави распоред, изготвен од Владата, кој покажува дека во 2014-та година треба да бидат отпуштени 11.400 вработени во државниот сектор и оти за овој распоред допрва треба да се разговара со „тројката“. Отпушатањата на вработени од јавната администрација се меѓу условите на кредиторите со цел да се обезбеди понатамошно финансирање на Грција./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП