25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе повторува најлудата спортска приказна! (видео)

Се повторува најлудата спортска приказна! (видео)

bob jamajka

Легендарниот боб екипаж на Јамајка, според која за настапот на ЗОИ во 1988-та година беше снимен филм, ќе се обиде повторно да се квалифицира на Олимпијата, по 12 години пауза.

„Човеку погледни ме! Годините се само бројка, никогаш нема да кажете дека имам 46 години. Висок сум, силен, црн и згоден“, вели Винстон Ватс, возачот на екипажот од Јамајка.

Според нивниот прв настап на ЗОИ во Калгари снимен е филмот „Cool Runnings“, а во Сочи ќе се обидат да се квалифицираат на својата четврта Олимпија, прва по 12 години.

„Ова е „Cool Runnings“ втора генерација“, вели Ватс, кој смета дека со добар настап на квалификациските трки во Ст. Мориц би можеле да изборат настап во Сочи со својот сопирач, Марвин Диксон.

На последните игри во 2002-ра во Солт Лејк Сити, боб тимот од Јамајка со Ватс зад „воланот“ имаше рекордно стартно време, но вештините на патеката ги чинеа подобар резултат.

Овој пат ништо не е препуштено на случајот. Пред две години Ватс се пресели во градот Еванстон, еден час возење од олимпискиот парк – „Парк Сити“, каде се подготвуваше за ЗОИ 2002-ра и одлучил да се посвети на боб санкањето.

Тој сега немаше поткрепа од американските бизнисмени и Олимписката федерација на Јамајка, па мораше сам да ги собере потребните финансии.

„Молам, се снаоѓам некако. Затоа се откажав од настапот во четворосед. Двајца членови на екипажот се повредија, а неможеме да ги покриеме трошоците за лекување, па ќе мораме да настапиме во двосед“, открива Ватс.

Тој вели дека се уште незнаат од каде ќе соберат пари за летот во Сочи, затоа што на двајцата, сепак им се најважни семејствата.

„Како и да е ќе бидеме во Сочи и ќе бидеме брзи“, додава тој.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП