28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШел очекува пад на профитот

Шел очекува пад на профитот

sel tanker

„Ројал Дач Шел“ очекува значително понизок профит во четвртиот квартал во однос на последните нивоа, и тоа поради растот на трошоците за истражување и неповолните услови за бизнис.

„Шел“ очекува нето-добивката во трите месеци заклучно со декември да падне за 70 проценти на 2.2 од 7.3 милијарди долари во истиот период од 2012-та година, пренесува агенцијата „Франс Прес“.

„Нашето работење во 2013-та година не беше на нивото кое го очекувавме. Ќе се фокусираме на подобрување на финансискиот резултат и јакнење на работењето“, порача извршниот директор на „Шел“, Бен ван Беурден.

Аналитичарите очекуваа заработка околу 4 милијарди долари во четвртиот квартал, по профитот од 4.5 милијарди од третиот квартал, во однос на 6.6 милијарди колку што имаа во истиот период од 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП