20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајексклузивните чорапи во светот (фото)

Најексклузивните чорапи во светот (фото)

cho1

Овие можеби не се најскапите чорапи на светот, но како што вели нивниот производител, ова се најексклузивните чорапи во светот…

cho2

Со ограничена продажба од само 100 пара, овие чорапи „Charcoal Grey“ се 100% направени од „Cervelt“ кој е познат како дијамант во светот на влакната и се добива од новозеландскиот Црвен Елен. Ексклузивноста на овие чорапи лежи во фактот дека само 20 грама од овие влакна можат да бидат добиени од секој Црвен Елен секоја година, и уникатниот квалитет ги прави овие влакна најбарани во светот на природните материјали.

cho3

Исто така, рачната работа, боењето и ткаењето на овој специјален материјал се многу необични и бараат висока внимателност посветена на деталите. Сите овие факти ви говорат дека овие чорапи не се евтини – цената за еден пар е 1.496 долари.

Инаку, „Harrys of London“ е луксузен бренд кој се занимава со производство на облека и аксесоари, познат по комбинирањетo на традиционалните вештини и најновата технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП