25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА,,Facebook” почна да ги прикажува ,,Trending” функциите со популарни теми

,,Facebook” почна да ги прикажува ,,Trending” функциите со популарни теми

facebook

Со цел да остане во ,,тренд”, но и да биде конкурентен со останатите социјални мрежи, ,,Facebook” ја претстави новата ,,Trending” функција.

Оваа опција ќе му сервира на корисникот се што е интересно и релевантно, а ќе се наоѓа во мала колона на десната страна.

За разлика од Твитеровите ,,Trending” функции, кои прикажуваат што е актуелно во светот, Фејсбуковиот ,,Trending” е повеќе персонализиран.

,,Facebook” наведува дека листата на темите ќе се генерираат врз основа на она што го интересира корисникот поединечно, но и врз основа на ,,жешките” теми на ,,Facebook”.

Секоја тема ќе има свој наслов, а кликот на неа ќе води до постот на вашиот пријател, спонзорираните страници или нешто релевантно.

За сега ,,Trending” функциите се прикажуваат на веб-верзијата на некои селектирани земји, а се тестира и за мобилната верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП